Хрватскиот Ромео слободно може да оди по Јулија: Скокавме од среќа кога ги отворија границите!

Миодраг Новаковиќ од Осиек е Хрватот кој стана Интернет хит откако и остави порака на Владата дека ако треба ќе ги сруши ѕидовите само да си ја земе сопругата од Србија, со која набрзо треба да стапнат на лудиот камен. Како што тој би направил се за неа, и кој порача дека за да ја земе ако треба и ќе го преплива Дунав. 

- Мојата Шанела ја чекам 18 години и никакви мигранти и ѕидови нема да ме сопрат. Нашата љубов е над политиката и сите недоразбирања, ова го рече  Хрватот кога беше блокиран преминот србија - Хрватска. 

Миодраг кога слушна дека вчера ги отворија границите е пресреќен што може без никаков проблем да оди да си ја земе саканата. 

- Луѓе, пресреќен сум. До пред два дена не можев да се јавам во ресторан за да го откупам за веселбата, бидејќи не знаев дали сватовите ќе можат да ја преминат границата: На сите ни е полесно, бидејќи се се реши и се надевам дека повеќе нема да ги затвараат премините. Родителите ми беа испаничени поради целата стуација, нормално е тоа тие го женат синот единец, па се плашеа да не тргне нешто што не треба. На целата среќа повеќе нема тензии и нервози, вели за Ало Миоград. 

Со неговата Шанела љубовта ја делат од прво одделение, а заедно се 13 години. 

 

 

Оцени ја веста

27.09.2015 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега