„Децата вриштеа, целото школо плачеше" - детали за смртта на наставничката Славица

Многумина се сеуште во шок по настанот кој пред неколку дена се случи во Основното Училиште “Miroslav Antić” во белградската населба Бела Вода, кога за жал среде час почина наставничка. 45-годишната Славица Петровиќ изненадно се сруши на под и доживеа срцев удар, што секако и дечињата и вработените ги остави во шок.

- Се се случи одеднаш. Наставничката почна да се гуши и се сруши на подот. Децата излегле низ вратата од училницата исплашени за да побараат помош. Викале наставничката се онесвести на цел глас. Вриштеле и плачеле, шокот за нив бил голем. Иако помош пристигнала за жал не можело да се направи ништо, вели извор.

Наставничката по географија во Основното Училиште доживеала срцев удар во 9 часот утрината. Една колешка веднаш притрчала кога ги видела децата како паничат за да помогне, лекарот од Итна помош додека бил на пат и давал инструкции што да прави, но залудно.

По трагичниот настан целото школо плачело и било завиено во црно.

Сите велат дека Славица била одлична наставничка која била омилена меѓу децата.

 

 

 

 

Оцени ја веста

27.09.2015 - 11:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега