Исповед на таткото на исчезнатата Ангела: Беа гладни и мокри, а потоа...

Полицијата во Ниш трага по исчезнатото момче Момчило Петковиќ и девојчето Ангела Стојнев, кои последен пат се видени во петокот на 25 септември.

„Последен пат се видени во петокот како стопираат и влегуваат во автомобил. Беа мокри и гладни. Застана еден човек, наводно пријател на родителите на Момчило и ги однесе за Књажевац. Кај него јаделе и се преслекле, а потоа му рекоа дека ќе одат кај некои другари“, раскажува за српските медиуми, таткото на девојчето.

Според него, човекот кој ги пренел децата не знаел дека полицијата трага по нив.

„Тој не знаеше дека ги бараме. Кажа се што се случи од моментот кога ги превози, повеќе не знае. Од тогаш не сме чуле за нив“, кажува таткото.

 

 

Оцени ја веста

28.09.2015 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега