Илиоски: Ако некоја бега од дебата, тоа е баш СДСМ

На почетокот сакам јасно и гласно да кажам дека ако некоја бега од дебата, тоа е баш Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Значи ние ги чекавме во Собранието на Република Македонија година и пол за да имаме со нив дебата. Тие се седат дома, си уживаат и гледаат телевизија. Тоа е доказ кој бега од дебата, истакна Зоран Илиоски, пратеник во Собранието на Република Македонија, на денешната прес-конференција.

Втора работа, вели Илиоски, точките не се тргнати од дневен ред, туку точките се само поместени во подолниот ред на дневниот ред.

-Што е стравот, дека утре или друг ден нема да има медиуми па нема да ги следат точките на дневениот ред или нема да има јавност? Значи за точките од дневен ред ќе се дискутира кога ќе дојде точката на дневен ред за дискусија. Инаку, колку што јас знам, сепак сум нов пратеник, г-динот Сугаревски е постар пратеник од мене, би требало повеќе да ги познава процедурите во Собранието. Постои непишано правило, на координација кај Претседателот на Собранието на Република Македонија да се договара и разговара за дневниот ред. На координацијата се разговараше за дневниот ред, Претседателот ги извести сите пратенички групи што планира, дека врз основа на некоја досегашна пракса најпрво ќе одиме со одлуки, ќе одиме со решенија, ќе одиме со закони по скратена постапка, ќе одиме со закони кои се на прво и второ читање и на крајот од дневниот ред се поставуваат автентичните толкувања, се поставуваат закони поднесени од пратеници, итн. На еден начин никој не бега од дебата, додава пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Оцени ја веста

28.09.2015 - 15:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега