(ФОТО) Двојно убиство и самоубиство - ова се жртвите

Јавноста во Албанија денеска бешеСпоред албанската полиција, 41-годишниот Дритан Петова со ловечка пушка ги застрелал сопругата Зара Петова (35) и нејзиниот татко Исмет Лека (76). Откако ги убил, тој излегол од куќата на Лека и по кусо време се искачил на висок елетричен столб.

Во повеќе од три часа преговори полицијата го убедила дека Зара и нејзиниот татко се однесени во болница и оти се живи, по што тој се согласил да слезе од столбот. Но, во тој миг му заѕвонил телефонот, по што тој извикал „не слегувам, ќе се самоубијам“ и пукал во себе.

Полицијата верува дека на мобилниот му се јавил некој познат, кој му кажал дека и неговата сопруга и нејзиниот татко се мртви, поради што и си пресудил со пушката која ја имал со дозвола.

Дритан и Зара имале две малолетни деца, на возраст од седум и десет години. Причина за оваа трагедија, според полицијата е несогласувањето на Дритан со барањето за развод од страна на сопругата.

Претходно, поради заканите и малтретирањето од страна на Дритан, по наредна на судот на Зара и била одредена полициска заштита. вознмирена од двојно убиство и самоубиство, што се случило во близина на албанскиот пристанишен град Драч.

 

 

 

Оцени ја веста

28.09.2015 - 19:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега