На барање на граѓаните: „Купи куќа, купи стан“ во Свети Николе

На барање на граѓаните утре караванот „Купи куќа, купи стан“ ќе одржи презентација во Свети Николе.

Претставниците од Министерството за финансии пред граѓаните ќе го презентираат проектот, условите за аплицирање, висината на субвенциите, моделите кои можат да се користат и процесот како да се аплицира.

Во рамки на презентацијата, што ќе се одржи во 17 часот, ќе биде претставена и локалната понуда на станови, како и плацеви за изградба на куќи кои ги нуди општината.

Минатата недела, при работна посета на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во Свети Николе, граѓаните искажаа голем интерес за „Купи куќа, купи стан“. Некои од нив веќе го имаа искористено проектот и сакаа позитивното искуство да го пренесат на своите сограѓани. 

Караванот „Купи куќа, купи стан“ одржува презентации низ градовите во Македонија со цел да го приближи проектот до секој граѓанин кој има потреба од него.

 

 

Оцени ја веста

29.09.2015 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега