Нетпрес: Брутални лаги со кои СДСМ и соросовите медиуми ја убиваат вистината

Во изминатиот период на медиумскиот простор можат да се забележат се почесто текстови и информации чија релевантност е сомнителна, а содржината на самата информација е манипулативна и невистината, анзализира Нетпрес.

Заедничко за ваквите вести е тоа што тие се лиферуваат од пропагандните гласила блиски до опозицијата, а финансирани од СОРОС. Реакцијата за ваквите невистини на еснафските здруженија како ЗНМ редовно изостанува, бидејќи како што пишува Нетпрес, ЗНМ одамна не води грижа за објективното новинарство и заштита на новинарските принципи, туку делува како продолжена рака на опозицијата и реагира единствено по нивните преставки.

За познавачите, зад позадината на ваквата лавина неточни и погрешни текстови стои очајот на главната опозициска партија која сака со калта во воја се наоѓа да ги покрие сите околу неа. Очигледно е дека СДСМ не може да фати чекор и да говори за проекти, идеи програма и единственото што го прави е по секоја цена да говори за политички теми, обвинувања, манипулации и шпекулации.

Ова е еден од многуте показатели за состојбите во СДСМ. Заев и раководството сугерирајќи и правејќи такви новинарски нарачки сакаат да ја покријат незавидната ситуација во која се наоѓаат, нивното членство се погласно ги бара резултатите кои  раководството не може да ги испорача, а тие пак го креваат моралот на членството измислувајќи лаги кои виртуелно ги прикажуваат на медиумите под нивна контрола.

Само во последните денови беа објавени најмалку десетина лаги и манипулативни текстови еве дел од нив:

Лага 1

Утрински весник прво објави, а потоа соросовите гласила превземаа и ја надоградија лагата дека администрацијата брои 185 илјади без јавните претпријатија. Тие дури се занимаваа и со измислени пикантерии од разговорот помеѓу Груевски и Хан за време на разговорите кои беа дел од хладот.

Вистината

Вистината е дека во јавниот сектор има 128.253 вработени во вкупно 1.354 институции, вклучително и на јавните претпријатија што е меѓу помалите администрации во регионот. Податоците за бројноста на администрацијата Брисел ги има добиено на редовна основа далеку пред разговорите со Хан во Скопје. А нашите информации говорат дека за време на разговорите кои беа дел од високиот пристапен дијалог минатата недела воопшто не ни било разговарано на темата бројност на администрација.

Лага 2

Алсат објави,  а медиумите на СОРОС ја превземаа веста дека наводно ВМРО-ДПМНЕ го фалсификувала Законот за специјален обвинител и поради тоа посредникот Питер Ван Хојт го исклучил нивниот претставник од работната група.

Вистина

ВМРО-ДПМНЕ експресно реагираше дека ниту договорот бил фалсификуван ниту пак претставникот од оваа партија бил исклучен од разговорите.

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека шпекулациите поврзани со оваа тема ВМРО-ДПМНЕ ги гледа во контекст на лични несогласувања во рамки на некои од партиите, кои јавно го поддржаа  и изгласаа законот и нема намера да се меша во нечии агенди, кои демонстрираат неодговорно однесување, и се обид за дефокусирање од правата цел на законот, а тоа е дознавање на целата вистина.

Лага 3

Повторно Алсат објави дека стигнала до некакво отворено писмо со кое специјалците вклучени во кумановската акција побарале од специјалната обвинителка Катица Јанева прва да го разгледува случајот со акцијата во Диво насеље.

Вистина

Отворено писмо не постои. Никаде нема писмо кое што беше соопштено во јавноста. По објавувањето во јавноста дека вакво писмо не постои, за медиумите на опозицијата отвореното писмо стана затворено. Всушност зад ова стои дневната агенда на медиумите блиски до СДСМ да создадат фама, на тој начин директно ставајќи се на улога на причинителите и структурите кои ги поддржуваат дејствувањата на криминално терористичките групи.

Лага 4

СДСМ организираше протести со точаци со  главна порака дека Коце Трајановски е виновен за сообраќајните несреќи во градот кој се со фатален завршеток.

Вистина

СДСМ  со ова ака да изврши комплетна замена на тези , водејќи некрофилска политика да добие политички бенефит од сообраќајните несреќи, секоја идна сообраќајна несреќа која че се направи прстот  со незадоволство да се покаже кон градоначалникот Трајановски. Вистината е дека безбедноста во сообраќајот зависи од совеста, спремноста и културата од секој учесник во сообраќајот, таа најмалку може да се персонализира кон градоначалникот. За волја на вистината градот Скопје во изминатиот период направи проширување и продолжување на многу булевари, се изградија пешачки премини и патеки како и нови паркови.

Лага 5

Една од очигледно инструираните лаги беше дека претседателот на државата Иванов извисил откако премиерот Груевски му го доделил орденот за заслуги на поранешниот американски претседател Буш.

Вистина

Станува збор за постапка која и во минатото била практикувана каде друго лице освен претседателот на државата доделил орден на заслуги. Премиерот Груевски во моментот е во САД каде меѓу другото има настапи во Обединетите нации но и се реализираат бизнис средби за презентација на можностите за инвестирање во Република Македонија.

Лага 6

Додека Груевски ја преставува државата на меѓународен план и се бори за инвестиции Соросовите медиуми на чело со Плус инфо на Геровски манипулираа дека посетата на Груевски во Сад е со цел да лобира во пресрет на работата на специјалната обвинителка Јанева.

Вистина

Уште една ноторна лага од кујната на СДСМ. Целта на патувањето е политичко економска, а Груевски во неколку наврати и јавно посочува дека ја поддржува работата на специјалното обвинителство и повикува што побрзо вистината да излезе на виделина.

Во наредниот период ќе продолжиме со објавување на сите лаги со кои медиумите блиски до СДСМ ја убиваат вистината.

 

 

Оцени ја веста

29.09.2015 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега