Во пензија со 80 години стаж плус возраст?

Државата не планира да го воведе моделот според кој ќе се заминува во пензија со 80 години стаж плус возраст за жена и 90 за маж.  Иако ова е главна тема меѓу вработените во јавната администрација, училиштата, градинките но и во индустијата, владиниот портпарол, Александар Гергиев, денеска на прес конференција рече дека Владата воопшто не разгледувала таков модел.

„Условите и методологијата за пензионирање се детерминирани со постојните закони кои и' се познати на јавноста. Во владина процедура не се преземаат активности што би значеле или, пак, би воделе кон процес на промени на овие закони, а ни на седница на Владата не е дискутирано за некакви измени на постојните закони“, вели портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.

Информацијата за Утриснки ја демантирало и Министерството за труд и социјална политика.

Кога би се донел ваков закон тоа значи дека жена на возраст од 53 години ќе може да замине во пензија доколку има 28 години работен стаж.

најчитано сега