Се уште се трага по малолетниците - побегнале поради забранета љубов

Анџела Стојнев (13) и Момчило Петковиќ (17) од Ниш, во петокот заедно побегнале од своите домови бидејќи нивните родители биле против нивната врска, потврдува таткото на девојчето.

Според пишувањата на белградските медиуми, децата тој ден го напуштиле домот и наводно заминале на училиште, но таму никогаш и не стигнале, туку со авто-стоп заминале во Књажевац. Се претпоставува дека во моментов се наоѓаат некаде во некој град во Неготинската Покраина, бидејќи таму имаат познаници.

После разводот на нејзините родители, Анџела живее со својата мајка, од која што таткото дознал за нејзиното исчезнување.

-Веднаш знаевме зошто побегнале. Сметавме дека таа врска е непримерна зошто Анџела беше премногу млада. Знаеме дека и родителите на момчето беа против нивната љубов, но никој не се надеваше дека тие двајца ќе побегнат поради тоа, наведува таткото на девојчето.

Тој вели дека успеал да ѝ влезе во трага на својата ќерка, благодарение на човекот кој што ги одвел од Ниш.

Тие во петокот се упатиле кон Књажевац, а како што немале пари, одлучиле да стопираат. Еден човек ги префрлил до тој град, не знаејќи дека побегнале од дома. Дури следниот ден, кога дознал дека ги бараат, му се јавил на таткото на Момчило и му кажал дека токму тој ги одвел со својот автомобил.

Тој кажал дека тие биле мокри и смрзнати, и дека му било многу жал, па токму затоа ги примил во својот автомобил, раскажал таткото на Анџела, кој што верува дека со нив е сè во ред и дека никој не ги држи никаде принудно.

- Не верувам дека им се случило нешто лошо, но сепак постојат повеќе причини за загриженост, бидејќи знам дека немаат пари. Слушнав гласини дека биле забележани во Зајечар, Неготин, но никој сè уште не може да ги пронајде, додава таткото на Анџела.

„Веројатно се кријат кај некој другар или другарка. Момчето кај себе има и мобилен телефон, кој што би можел да го продаде, а Анџела нема ништо. Колку што знам, тие со себе немаат воопшто пари. Сето тоа се "детски глупости", и верувам дека ќе се вратат дома веднаш штом сфатат што направиле“.

Родителите на момчето не сакале јавно да проговорат околу овој случај.

 

 

Оцени ја веста

29.09.2015 - 17:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега