Откриено зошто се самоубил 23-годишниот Филип

Филип Димитријевиќ, 23-годишното момче од Белград кое се фрли од мост, решило да се самоубие поради невозвратена љубов. Како што денеска пишува српскиот Курир, телото на момчето кое беше пронајдено околу 2 часот и 30 минути, а до него беше нацртано големо срце. 

- Младото момче падна од 15 метри висина на големо срце нацртано на плочникот. Над шеталиштето каде момчето паднало стои натпис, „Све је ово премало за крај", вели извор.

Мајката и сетрата на Филип кој според изворот и порано имал суицидни мисли, се скршени од болка. Тие не сакале да коментираат ништо за екипата на српскиот Курир.

Според изворот, Филип немал девојка, но се претпоставува дека мотивот за делото се љубовни маки. Имал девојка со која раскинале пред една година, па според него, најверојатно затоа и од тогаш имал намери да си го одземе животот.

Истрагата е во тек.

 

 

Оцени ја веста

30.09.2015 - 09:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега