Драган и ја отсекол главата на сопругата - три дечиња останаа сирачиња

Драган Стевановиќ (46) од селото Жупањевац на монструозен начин ја убил сопругата Драгана Стевановиќ (42).

Тој на несреќната жена, додека спиела, со месарски нож буквални и ја отсекол главата, по што се обесил во шталата на семејниот имот.

-Глетката беше ужасна. Обезглавеното тело на жената лежело на креветот од спалната соба, а покрај него, преку креветот, на жилите висела отсечената глава на Драгана. Во креветот имало локва крв, а на подот огромен касапски нож, велат очевидци.

Трагедијата се случила во семејната куќа на Стевановиќ, во која последните две години Драган живеел со родителите. Имено, тој и Драгана до 2013 година живееле во Јагодина, по што се вратил назад во селото, а таа останала во градот каде работела во Ученичкиот дом. За викенд доаѓала во куќата и му помагала на сопругот, но тој постојано вршел притисок да живеат заедно, па се претпоставува дека нејзиното одбивање го мотивирало да го направи страотното злостроство.

-Драган по враќањето на село постојано вршеше притисок врз Драгана да ја напушти работата и да дојде да живее со него на село. Но таа тоа го одбиваше и остана во Јагодина да живее со синот Војо кој работел на една бензинска пумпа во градот. Затоа веруваме дека ја убил сопругата, зошто друга причина и немаше, велат роднините.

Драган и Драгана зад себе оставија три деца, две ќерки и синот Војо.

 

 

Оцени ја веста

30.09.2015 - 09:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега