Хрватска нема доволно полицајци за обезбедување на границата

Во Хрватска досега влегле повеќе од 87.000 бегалци, а во последните 24 часа - 5.800, потврди хрватската полиција.

Бегалците пристигнуваат од Србија и нивниот транспорт продолжува кон Унгарија.

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ при посетата на прифатниот камп во Опатовац, каде се сместени околу 1.900 лица  изјави дека „Хрватска не е во Шенген, но во грижата за бегалците се однесува како да е“.

Тој посочи дека Хрватска нема доволен број полицајци за обезбедување на границите од влез на бегалците, а армијата не е обучена за тоа.

Милановиќ наведе дека бегалската криза мора да престане таму каде што почна, во Грција, која е влезна точка во шенген зоната. Хрватска пред неколку месеци аплицираше за влез во шенген зоната.

- Во таков Шенген не сакаме да бидеме. Таков Шенген е опасен за Хрватска. Грција е членка на Шенгенот, а тие ги сместуваат луѓето во бродови и не ја чуваат својата граница со Турција,  што беше најчувана граница во светот, посочи Милановиќ. 

 

 

Оцени ја веста

30.09.2015 - 09:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега