Камен пијани мајка и син нападнале полицајци во Штип

Мајка и син во алкохолизирана состојба вчера вечерта нападнале полициски службеници на бензиската пумпа „Макпетрол“ во штипската населба Ново Село. Настанот се случил кога 50 годишната Л.В. им пришла на полициските службеници и од нив побарала да го запрат нејзиниот 28 годишен син Е.В. да управувал со автомобилот, бидејќи бил под дејство на алкохол. Откако тој се обидел да го стартува автомобилот и почнал да и се заканува на мајка си, му дале наредба да излезе, а тој го бутнал полицаецот.

-Откако и било кажано дека не може да влезе, Л.В. се нафрлила врз полицискиот служебник  фаќајќи го со рака за службената кошула во пределот на вратот, при што истата му ја искинала, а со другата рака го удрила во пределот на лицето нанесувајќи му видливи повреди, велат од полицијата, пишува Курир.

Мајката и синот биле приведени во штипската полициска станица каде  им е извршено алкотестирање при што кај Е.В. е утврдено присуство на алкохол од 2 промили, додека кај мајката од 0,64 промили.

 

 

Оцени ја веста

30.09.2015 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега