Мртво 16 годишно момче на нива во тетовско - до телото пронајден пиштол

Безживотното тело на 16 годишниот А.С. од Групчин вчера било пронајдено од страна на неговиот татко на нива во близина на селото, јави Курир.

Policiska-lenta

Случајот го пријавил таткото околу 18 часот, кој мртвото тело на синот го пронашол со една влезна рана од огнено оружје, најверојатно пиштол, во левиот дел од градите.

-Набрзо по пријавувањето, јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина извршиле комплетен увид.На местото е пронајдено безживотното тело на 16-годишниот А.С, покрај кое се наоѓал пиштол „Берета“ калибар 9 милиметри, неколку неиспукани куршуми од ист калибар во цевката и шаржерот на пиштолот и една испукана чаура, соопштуваат од СВР Тетово.

Покрај тоа, пронајдени и подигнати за вештачење се и други траги, а по наредба на  јавен обвинител врз телото на А.С. денеска ќе се изврши обдукција. 

Истрагата треба да утврди дали се работи за самоубиство или убиство.

 

 

Оцени ја веста

30.09.2015 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега