Внимавајте каде паркирате: Пајакот прави „парче"

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 12 сообраќајни незгоди во кои имало седуммина повредени.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 122 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

 

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работилници во Основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ кое се наоѓа на територијата на општина Аеродром со учениците од четврто одделение.

 

 

Оцени ја веста

01.10.2015 - 08:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега