Расчистена кражбата: Притвор за младо момче од тетовско

Пријава за сторено кривично дело „разбојништво“ и  30 денови притвор доби 23-годишниот О.М. од тетовското село Џепчиште како осомничен дека заедно со  уште две засега непознати лица пред два дена околу 22 часот во Непроштено извршиле разбојништво над 44-годишниот Ш.И.  од Добарце, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Со кривичната пријава поднесена од страна на СВР Тетово О.М. вчера попладне бил изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово кој му определил мерка притивор од 30 дена. Нешто подоцна тој бил предаден во затворот во  „Тетово “ на издржување на определената мерка.

Настанот се случил во вторникот откако Ш.И. и О.М. пристигнале во Непроштено со возило „Пасат“ со германски регистерски таблици сопственост и управувано од Ш.И. Веднаш потоа  ги запреле две непознати лица и им наредиле да излезат од возилото по што едно од лицата му вперило пиштол во главата на Ш.И., го репетирало оружјето и насилно му ја одзело чантата во која, според кажувањето на Ш.И., имал 23 илјади евра и 47 илјади денари во разни апоени, како и неколку негови лични документи. Со одземената чанта двајцата непознати набрзина избегале а Ш.И. и О.М. влегле во возилото и се упатиле по регионалниот пат. Патем застанале, а О.М. го напуштил возилото и се оддалечил во непозната насока.

 

 

Оцени ја веста

01.10.2015 - 12:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега