Горан Војковиќ: Без договор Обама - Путин нема излез од бегалската криза

Хравсткиот аналитичар и универзитетски професор, Горан Војковиќ, единствениот излез за кризата на блискиот исток и масовниот бран бегалци кој се заканува да ја преплави Европа го гледа исклучиво во заеднички договор меѓу американскиот и рускиот претседател, Барак Обама и Владимир Путин. Во интервју за прес24, Војковиќ вели дека без таков договор кризата ќе се продлабоќува. Тој не гледа реална можност, Европа сама да најде решение на овој проблем.

- Европа не усепа да ја реши ниту кризата во Поранешна Југославија, практично во својот двор, туку таа криза ја решија Американците. Секако и тие и НАТО овде направија многу грешки – но не се во право и оние кои ги обвинуваат само нив за кризата, вели Горан Војковиќ за Прес24.

Тој потенцира дека опасноста од некаква промена на структурата на население во Европа постои, но не како резултат на напливот на беглаци, туку поради демографската карта на континентот кој старее, но велид ека тоа многу тешко може да се предвиди, а тоа би бил процес со години.

-Европа е специфична и нејзината култура и христијанското влијание се многу јаки. Сепак, јас би се воздражал од предвизувања за наредните 100 години. Кој пред 100 години можеше да го предвиди денешниот свет?, вели Војковиќ во интервјуто.

Падот на диктаторските режими во државите на блискиот исток на виделина исфрлни многу елемементи кои покажаа дека таму практично нема национални држави. Војковиќ вели дека Европа, иако е најпосакувана, сепак не е единствената дестинација на бегланците. Нив ги има и во соседните држави на Сирија.

- Што се однесува до Саудиска Арабија – ниту Сиријциите сакаат таму, ниту пак саудиската власт би била среќна со луѓе одраснати во една сосеман друга, секуларна култура. Во земјите на Емиратите(каде најмногу го знаеме Дубаи), кои се значајно либерални, каде е на пример нормално жените даработат, не треба да се заборави дека таму или сте стручнак или сте многу лошо платена помошна работна сила (работите кои таму ги вршат Индијци или Филипинците). Тоа не се социјални држави од европски тип.  Ако сте бегалец, Германија, Шведска или Канада се идеални држави, вели хрватскиот аналитичар.

Хрватско-српскиот граничен конфликт, според него само го потврди она што е општо познато а тоа дека целосна нормализација на односите меѓу државите на Балканот се уште нема. Сепак, за него тоа неможе да биде причина за сериозни конфликти како од минатото. Она што вели треба да загрижува е растот на шовинизмот.

-Национализам во смисла на американското дигање на знамето наутро и почитување на сопствената култура и историја не е проблем, тоа е дел од секоја развиена цивилизација. Проблем на Европа, посебно на истокот и југот, е големата разлика помеѓу очекувањата и реалноста. Државите од голем број причини не успеваат да се развиваат, од Грција и нејзините проблеми со долговите, до Хрватска која беше во рецесија речиси скоро шест години. За тоа време една Германија развојно јури, а и најголем дел од светот исто така.

Многу држави кои поминаа од социјализам не се снаоѓаат во денешниот свет и тогаш се буди шовинизмот како реакција. Се бараат виновници околу себе, наместо во себе, вели хравсткиот аналитичар и универзитетски доцент, Горан Војковиќ во интервјуто за Прес24.

 

ПРЕС 24: Бегалската криза е најголем проблем кој се појави во поновата историја. Она што на многумина се уште не им е јасно е зошто бегалците од Сирија, а и од Пакистан, Авганистан и некои други држави од Блискиот исток, току сега бегаат во Европа. Војната во Сирија трае веќе 4 години. Зошто никој не бега во Катар, Дубаи, Саудиска Арабија, туку исклучиво во Европа и тоа Германија, Шведска, Франција?

ВОЈКОВИЌ:  Да се потсетиме на војната во Поранешна Југославија – Храватите небегаа во јазично, верски и национални средини, Словачка или Полска, Србите не бегаа исто така во сродните Бугарија, а ни Бошнаците во мнозински муслиманската Албанија. Кога сте во бегство, се оди таму каде е најдобро, не треба да се заборави дека социјалната помош во Германија или Шведска е поголема отколку платата во Романија. Секако, меѓу бегалиците има и економски имигранти, но сега тоа тешко може да се разграничи.

Што се однесува до Саудиска Арабија – ниту Сиријциите сакаат таму, ниту пак саудиската власт би била среќна со луѓе одраснати во една сосеман друга, секуларна култура. Во земјите на Емиратите(каде најмногу го знаеме Дубаи), кои се значајно либерални, каде е на пример нормално жените даработат, не треба да се заборави дека таму или сте стручнак или сте многу лошо платена помошна работна сила (работите кои таму ги вршат Индијци или Филипинците). Тоа не се социјални држави од европски тип.  Ако сте бегалец, Германија, Шведска или Канада се идеални држави.

ПРЕС 24: Судбината на тие бегалци е трагична и сите балкански народи на кој било начин им помагаат, кој колку може. Така е и во Македонија, кај Вас во Хрватска, но она што кај многумина остава сомнеж е тоа што најголем дел од беглаците се мажи на возраст од 19 до 40 години. Многумина и кај нас, а и кај Вас (последнана тоа предупреди Ведрана Рудан) дека нив некој ги плаќа да ја окупираат Европа? Колкав е стравот од исламизација на Европа?

ВОЈКОВИЌ: Сирија има сосоема поинаква структура на население, па најголем дел од млади луѓе не е необичен. Но, повторно- не треба да се заборави дека само Турција прими два милиони бегалци, дека голем дел од беглаците има во Либан, дека многу луѓе се раселени и внатре во Сирија. Ако семејството ви е на приимер во Турција, или во сигурниот дел на Сирија, не  е невообичаено мажите да одат и да бараат работа со која би праќале пари на своето семејство. Тоа се случувваше и кај нас во Хрватска да реќеме во 1992. Не треба да се заборави дека во самата Сирија се борат неколку верски групи и локални шерифи, дека тоа не е класична национална држава и дека многумина немаат за кого да одат да се борат.

Во некои рамки од неколку десетина години тешко е да се разговара за некаква исламизација на Европа (ја имаме како пример Германија во која има голем број турски работници), но ако во Европа бројот на население падне, а на другите расте – секако дека територијата нема да остане празна. Дали тогаш бројот на муслимани ќе се зголеми – веројатно да, но сепак Европа е специфична и нејзината култура и христијанското влијание се многу јаки. Сепак, јас би се воздражал од предвизувања за наредните 100 години. Кој пред 100 години можеше да го предвиди денешниот свет?

ПРЕС 24: Се чини дека на тој пат кон крајната цел најголем проблем доживуваат земјите од Балканот. Транзит коридорот не функциоинира откако Унгарија подигна ограда. Ако се знае дека Хрватска не е таргет, туку транзит зона, зошто хрватските власти не го овзможуваат тој транзит до границите со Словенија?

ВОЈКОВИЌ: Хрватска во основа овозможува транзит кон Словенија за она што може, но сепак не можете да допуштите илјадници луѓе по улиците без никаква контрола. На луѓето им се помага, од основна до медицинска помош и се испраќаат понатаму. Нема смисла да ги задржувате. Ниту Словенија нема смисла да ги задржува бидејќи е невозможно да ја надгледувате хрватско-словенечката граница.

Можеби читателите во Македонија не знаат – Хрватско-словенечката граница е во основа граница од катастерските општини од времето на Австро-Унгарија. Прецизно оди по потоци, низ улици, некаде една нива е во Словенија, друга во Хрватска. Долга е стотина километри и никогаш не била “вистинска” државна граница во смисла на поставување на некаков граничен надзор. Постои и ресторан кој е половина во другата држава.

ПРЕС 24: Состојбата на граничната линија мегу Хрватска и Србија беше сериозно проблематична. Најголема штета претрпе економијата поради неможноста за слободен транзит. Како Вие ги оценувате одлуките на Хрватска и на Србија што се однесуваа на меѓусебните блокади?

ВОЈКОВИЌ:  Тоа е само последица на фактите дека нема потполна нормализација на односите помеѓу Хрватска и Србија. А нема ниту да ја има додека Србија ја водат луѓе кои тешко се имааат компромитирано во минатата војна. Да не заборавиме дека Премиерот Александар Вучиќ зборуваше големи глупости околу окупацијата на Глини во 1995 година. Додека такви луѓе се на власт во Србија – да, ќе доаѓа до проблеми.

ПРЕС 24: Постои ли опасност таквите неизвесни состојби да се повторуваат и да продолжат понатаму? Дали овој предизвик кој го имаат државите од Балканот може да изроди некои нови сериозни конфликти помеѓу нив. Малку време помина од оние страшни 90-ти години?

ВОЈКОВИЌ: Вооружен судир помеѓу Хрватска и Србија денеска тешко може да се замисли. Границата постои, Србија не претставува никаква опасност за Хрватска, а на Хрватска сигурно не и паѓа напамет да оди да ја освјува Србија.

Она што што може да биде опасно и што е проблем е нерешената состојба на БиХ. Дејтон само овозможи примирје, но не и траен мир. Босна и Херцеговина едноставно не функционира како суверена држава, технички тоа и не е се додека има висок претставник. Нејзините институции постојано се блокирани, нема развој, луѓето заминуваат кој каде може.

ПРЕС 24: Она што во Европа исто така може да биде опасен бран е будењето на национализмот во многу држави. Секаде на континентот има помалку или повеќе многу радикални организации кои заговараат друг начин на решавање на проблемите. Дали опасноста од растот на национализмот во Европа е реална?

ВОЈКОВИЌ: Мислите на шовинизмот? Национализам во смисла на американското дигање на знамето наутро и почитување на сопствената култура и историја не е проблем, тоа е дел од секоја развиена цивилизација. Проблем на Европа, посебно на истокот и југот, е големата разлика помеѓу очекувањата и реалноста. Државите од голем број причини не успеваат да се развиваат, од Грција и нејзините проблеми со долговите, до Хрватска која беше во рецесија речиси скоро шест години. За тоа време една Германија развојно јури, а и најголем дел од светот исто така.

Многу држави кои поминаа од социјализам не се снаоѓаат во денешниот свет и тогаш се буди шовинизмот како реакција. Се бараат виновници околу себе, наместо во себе.

ПРЕС 24: Каде Вие го гледате излезот од оваа бегалска криза? Таа нема да престане, како што се навестува следува нов бран кој со себе ќе донесе луѓе кои во тие земји живеат многу сиромашно. Некои безбедносни структури во Европа предупредуваат дека тој бран ќе донесе над 10 милиони бегалци?

ВОЈКОВИЌ: Ќе мораат дефинитивно Обама и Путин да седнат и да решат што ќе биде со Сирија. Додека преку сирискиот проблем се поклопуваат интересите на големите сили, додека Советот за безбедност на ООН е блокиран, до тогаш решение нема да има.

Треба да се размисли и што со државите од типот на Либија, кои денес пректично не постојат. Со падот на Гадафи се покажа дека таму живеат неколку племиња, а не современа нација. Либиец е помалку од да речеме Југословен. Претпоставувам дека диктатурата, а тука не треба да се двои, Гадафи беше диктатор, не развива цивилно општетство, а без развивање на граѓанското општетство нема ниту развој на современите држави и тогаш државата со падот на диктатурата  “се рестартира” на тоа што била претходно.

ПРЕС 24: Дали може да зборуваме за тоа дека Европа нема стратегија и дека е немоќна да ја реши бегалската криза, а дека НАТО е далеку понемоќен да го спречи изворот на таа криза?

ВОЈКОВИЌ: Европа не усепа да ја реши ниту кризата во Поранешна Југославија, практично во својот двор, туку таа криза ја решија Американците. Секако и тие и НАТО овде направија многу грешки – но не се во право и оние кои ги обвинуваат само нив за кризата. Значи, факт е дека Америка не е премногу популарна во арапските држави – затоа што Америте генерално го поддржуваат Израел. Да тие диктаторски режими Либија и Сирија не беа трули(а беа трули бидејќи едноставно им досадија на граѓаните и тешко е да одржувате класична диктатура со интернет и со денешните комуникациски средства) тоа не пали.

 

Но, светскиот мир, тоа знаеме, зависи од консензусот на пет сили победници во Втората светска војна – и додека тие не се договорат што и како, додека Америка, Русија, Велика Британија, Франција и Кина не донесат соодветна заедничка одлука и да почнат да ја спроведуваат, тешко е да се смисли некое нормално решение. Не треба да се заборави дека и некои други околности се променија – Курдите бараат своја држава и на нејзе имаат право како и сите други народи.

 

 

Оцени ја веста

01.10.2015 - 13:51
Фото: 
Анита Буклијаш

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа