ВМРО-ДПМНЕ: Ќе ги поддржиме законските измени со кои неколкукратно ќе се намалат глобите за компаниите

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги поздравува и ќе ги поддржи предлог измените на Законот за трговските друштва, чии предлог измени се наоѓаат на дневниот ред на денешното трето продолжение на 67-та пленарна седница во Собранието на Република Македонија.

интегрален текст од соопштението на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

 

Со предложените измени на Законот за трговските друштва во делот на глобите се предвидува значително односно неколкукратно намалување на глобите за сторени прекршоци од страна на правни лица или трговец поединец. Со овие измени ќе се создадат услови за одмерувањето на висината на глобата да се врши врз основа на критериумите утврдени со Законот за прекршоци и тоа:

-вкупен приход остварен во претходната фискална година,

-просечен број на вработени врз основа на состојбата на крајот на претходниот месец односно месецот во кој е сторен прекршокот и

-врз основа на претходното поведение на сторителот.

Имено, на овој начин трговските друштва со помал вкупен приход и помал број вработени ќе плаќаат пониски глоби за исти прекршоци во однос на глобите кои ќе ги плаќаат правните лица со поголем вкупен приход и поголем број вработени.

Како пратеници од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ сигурни сме дека со нашата поддршка за овие предлог измени на Законот за трговските друштва и воведувањето на конкретни позитивни мерки во делот на прекршочната политика односно значително намалување на висината на глобите за трговските друштва во случај на сторени прекршоци ќе се излезе во пресрет на барањата на фирмите и стопанските комори во нашата држава, ќе се обезбеди принципот на правичност и ќе се намалат трошоците за работа на фирмите, со што крајната цел би била значително подобрување на деловната клима во Република Македонија.

За таа цел, Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ неодамна во Собранието на Република Македонија го изгласа Законот за прекршоците со кои се воведе нивелирање на санкциите со економската моќ на субјектите, од чиј што закон произлегуваат и предлог измените на Законот за трговските друштва. Она што треба да се потенцира е дека со изгласувањето на Законот за прекршоците се постигнаа позитивни ефекти и поволности во секојдневното работење на фирмите.

 Со цел подобра и поквалитетна изработка и имплементација, како на Законот за прекршоците кој Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го донесе пред извесен период, така и на овој Закон за трговските друштва чии измени произлегуваат и се усогласуваат токму со Законот за прекршоците, беа направени длабоки и сериозни консултации со стопанските комори, со занаетчиските здруженија, како и со сопствениците на фирмите во Република Македонија.

Како пратеници од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ изразуваме големо задоволство и сигурни сме дека како и досега, така и отсега, секогаш ќе даваме поддршка на новите, како и измените на веќе постоечките законски решенија кои значат подобрување и олеснување на условите за работа на македонските компани. 

 

 

Оцени ја веста

01.10.2015 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа