СДСМ e против намалување на казните за фирмите

Иако присутни во Парламентот, пратениците на СДСМ не го поддржаа намалувањето на казните за правни лица и трговци поединци кои беа дел од предлог измените на Законот за трговските друштва кои се најдоа пред пратениците на денешното трето продолжение на 67-та пленарна седница во Собранието на Република Македонија.

Во неколку-часовната дискусија пратениците на СДСМ се шалтаа меѓу ставовите дека „и тие предлагале нешто слично некогаш“ и дека „и покрај намалувањата, казните се сепак превисоки“, доаѓајќи само до границата на нивниот популизам која сепак не се дрзнаа да ја преминат предложувајќи можеби и укинување на сите казни во државата, како нивно најкреативно решение.

Пратениците на опозицијата не се надминаа себеси и не мислеа на интересот на трговците кои добија снижување на казните, туку се фокусираа на стандардното политичко опонирање во кое личните и теснопартиските интереси за нив се секогаш пред интересот на народот и бизнис заедницата.

Народните избраници од редовите на опозицијата кои беа присутни во салата во моментот на гласањето не притиснаа ниту еден од тастерите за За, Против или Воздржан став, бидејќи знаат дека е лудост да си против намалување на казните, несериозност е да си воздржан, а треба малку храброст и доблест да си За закон предложен од твоите политички опоненти ВМРО-ДПМНЕ од кој огромна полза ќе видат сите трговци во земјата.

Опозиционерите во парламентот не сфатија дека четвртата опција која ја одбраа, да се присутни, а да не гласаат, зборува за нивните интереси и капацитет за водење на држава дури и повеќе од опцијата кога би гласале Против намалување на казните.

 

 

Оцени ја веста

01.10.2015 - 19:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа