Мукаетов: Знаењето на странските инвеститори е додадена вредност за домашните компании

Првиот човек на „Алкалоид“, Живко Мукаетов вели дека македонските компании треба да поработат и да пронајдат пазар, а тоа може да го остварат и со странските инвеститори.

– Сметам дека домашните компании треба го искористат присуството на странските компаниии и да го интегрираат нивното знаење тука. Ние имаме одлична соработка со „Џонсон Мети“ и произведуваме суровини за нив. Нивното знаење и плаќање навреме е додадена вредност и за „Алкалоид“ – смета Мукаетов.

Мукаетов додава дека секоја од компаниите сама, на свој начин, треба да се грижи како да се развива и да ги придобие домашниот и странскиот пазар.

Инаку, Џонсон Мети е најголема и најпрофитна компанија во Македонија. Овој странски инвеститор кој во слободната економска зона во Бунарџик произведува автомобилски делови од првото место го истисна долгогодишниот лидер Телеком со над 56 милиони евра профит, и вкупен промет од 936 милиони евра.

 

 

Оцени ја веста

01.10.2015 - 20:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега