Уште еден велосипедист настрада на скопските улици

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 13 сообраќајни незгоди.

 

Од нив, девет се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, еден велосипедист, еден сопатник и еден пешак.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда. Сообраќајката се случила околу 19 часот и 40 минути на ул. „Ацо Шопов“ пред крстосницата со булеварот „Партизански одреди“ и ул. „Ѓорче Петров“ во која со тешка телесна повреда се здобил возач на мотоцикл.

Во текот на изминатите 24 часа од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 86 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 33 возачи го управувале возилото под дејство на алкохол, 18 лица го управувале возилото без возачка дозвола, како и 16 возачи кои го управувале возилото со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола. Санкционирани се и 73 пешаци кои сториле прекршоци по различни основи.

Со помош на специјалното возило „пајак“ вчера од страна на сообраќајната полиција отстранети се 126 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работилници во Основното училиште „Александар Македонски со учениците од второ и четврто одделение.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

 

 

 

 

Оцени ја веста

02.10.2015 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега