Голема акција на УЈП: Затворени повеќе спортски обложувалници

Шест диви обложувалници добија клуч на врата во големата акција која Управата за јавни приходи (УЈП) ја спроведе во средата поради непочитување на Законот за приредување игри на среќа.

 

Инспекторите констатирале дека организаторите на обложувањето имале работници на пулт кои наплатуваат и издаваат друга документација за обложување. Ниту еден од организаторите на обложувањето немал лиценца и друг вид одобрение за приредување на игрите на среќа. Инспекторите од УЈП извршиле увид во затекнатата состојба со обложувањето, опремата, затекнатите пари од промет по што оформиле записници и друга потребна документација.

УЈП ја забрани работата и приредувањето игри на среќа и забавни игри и запечати две нелегални обложувалници во Кичево и во селото Стрелци, три диви обложувалници во струшките села Велешта и Корошишта и една во Дебар.

УЈП одзела пари, телевизори, компјутери, монитори, печатачи и друга опрема.  Биле посетени 8 диви обложувалници, но една во Кичево не работела, а во другата била констатирана пренамена на дејноста.

 

 

Оцени ја веста

02.10.2015 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега