Албанец со фалсификуван пасош се обидел да излезе од Македонија

 

На граничниот премин „Табановце“ на излез од Македонија вчера во 18:30 часот со автобус „Неоплан” со скопски регистерски ознаки, управуван од И.Д., се пријавил В.Г.(28) од Р.Албанија, со албанска патни исправи. По извршена пасошка контрола полициските службеници утврдиле дека патната исправа е фалсификувана. Со потврда за привремено одземени предмети од В.Г. е одземена патната исправа и истиот е приведен во Полициската станица за ГП„Табановце“. Во 20:00 часот, истиот е предаден на полициски службеници од СВР-Куманово за понатамошно постапување.

 

 

Оцени ја веста

04.10.2015 - 14:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега