Србија се сеќава: 15 години од падот на Милошевиќ

Поминаа 15 години од случувањата на 5 октомври 2000 година, кога со масновните демонстрации во Србија се собори тогашниот претседател Слободан Милошевиќ.

Граѓаните на повик на лидерот на движењето Демократската опозиција на Србија, започнаа масовни протести, по изборите на 24 септември кога Изборната комисија ја оспори победата на нивниот кандидат Војислав Коштуница.

Во меѓувреме лидерите на ДОС, инсистираа на тоа дека Коштуница го победи уште во првиот круг противкандидатот Милошевиќ.

На 5 октомври демонстрантите од цела држава се собраа на протест во Белград каде упаднаа во Собранието.

Милошевиќ наредниот ден и се обрати на јавноста каде соопшти дека претрпе пораз на изборите.

Коштуница на 7 октомври 2000 година положи заклетва пред пратениците на тогашното Сојузно Собрание.

 

 

Оцени ја веста

05.10.2015 - 09:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега