Се појави во венчаница, убава како сон, а дочека хаос - Полицијата растури свадба!

Милан М. од Белград за соседите сакал да им приреди веселба на полјана, но некој се жалел на вревата, па прославата ја прекинала полицијата, а кога невестата стигнала со семејството го начекал само младоженецот во солзи, се налутила и не сакала повеќе да слушне за него. 

- Сакав со сите да ја споделам својата среќа. Затоа организирав свадба на полјана во Нов Белград и ги повикав сите соседи да дојдат, а поклоните ги забранив. Сакав на сите да се опуштиме и убаво да си поминеме, да ја усреќам мојата сакана, која ја чекав целиот живот, вели Милан за Курир и додава дека се за една вечер пропадна и дека неговата невеста повеќе не сака да чуе за него. 

Според пишувањата во белградските медумите свадбата почнала во сабота навечер, а за еден час дошле стотина гости, пиење и храна имало во големи количини, свирела музика, соседите се веселеле и чекале да дојде невестата, нко наместо неа дошла полицијата. 

- Дошле, наводно поради пријава за врева. Тоа го направил некој злонамерен, да ја расипе мојата среќа, а инспекцијата  ми напиша казна и ја прекинаа свадбата, а соседите си заминаа, вели очајниот младоженец. 

За да биде најлошото, невестата  стигнала после полицијата, кога дошла наидела на хаос.

- „Можете да го замислите тоа понижување за жената! Се појави во венчаница, убава како сон, а дочека хаос. Се откажа од се, не сака повеќе ни да слушне ниту да ме види. Страшно е посрамотена. Затоа јавно го повикувам министерот Стефановиќ да ја испрати полицијата да оди кај мојата млада и да и објасни дека не сум јас виновен. Дека ја сакам и сакам да ми се врати“, преколнува Милан.

Тој додава дека свадбата претходно ја пријавил во полиција, општината и месната заедница, но сите му одговориле дека не се надлежни за тоа. 
„Им позајмив и пари, бев среќен што конечно ќе почнам да живеам сосема нормален живот. Ова беше мојата последна шанса да направам семејство. Мислев: „Е Милане, еве и тебе конечно ти се насмеа среќата“. Кога тоа, несреќа никогаш поголема! Мојот живот е уништен, тажно заклучува Милиќ.

 

 

Оцени ја веста

05.10.2015 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега