И истурил киселина во устата - Драгана поминала низ пекол пред смртта

Судот во Зајачар го осуди со правосилна пресуда пензионерот Чедомир Ѓуриќ (67) на четириесет години затвор бидејќи на 8 декември минатата година ја убил осумнаесет годишната Драгана Ќириќ. Ѓуриќ го признал злочинот, на судот раскажал како во девојката бил платонски заљубен но никогаш не ја ни бакнал, а до тоа дошло бидејќи и бил љубоморен на Драгана зошто се гледала со нејзиното момче. Обдукцијата покажала дека стариот Ѓуриќ најпрво ја тепал девојката во својата кола, каде со измама ја одвезол надвор од градот.

Потоа и сипал киселина во уста и ја задавил. Телото и го фрлил во езеро во близина на селото Глоговица, каде полицијата подоцна го пронашла. Во колата на осудениот Ќириќ пронајдена е ДНК од девојката и прамени од коса која и ја искубал при нападот.

Тие двајца се познавале од претходно, а Ѓуриќ изјавил дека имале договор за доживотно издржување во кој Драгана би го наследила целиот негов имот. Тој изјавил дека и давал дел од пензијата. Меѓутоа, осомничениот бил лудо заљубен во девојката. Исто така изјавил дека меѓу нив никогаш не се случило ништо, дури немало ни бакнеж, и дека ја убил од љубомора.

 

 

Оцени ја веста

05.10.2015 - 15:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега