Таткото на покојниот Кнеле дрско удри по Кристијан Голубовиќ

Душан Књежевиќ, таткото на Кнеле е огорчен од изјавите и однесувањето на Кристијан Голубовиќ. Според него, Кристијан го искористил името на неговиот покоен син за да си направи реклама и забава на Фармата каде е учесник.

- Него не му е ништо важно, тој е обичен лигуш. Ако ова беше правна држава тој ќе беше веќе во затвор. Тоа што го споменува мојот покоен син го вознемири моето семејство, вели таткото на Александар Кнежевиќ Кнеле.

Тој вели дека Кристијан сешто кажал на телевизија и што е точно и што е лага: - Сака само да биде фраер. Срамота е така да споменува некој кој е мртов со години. На што личи тоа однесување? И онака цел Белград му се смее на лагите, вели таткото.

За потсетување, Кристијан на Фармата раскажа како го шишал и бричел Кнеле, се додека не го зеле како што вели наркомани. Тој раскажа за неговата смрт, па затоа и беше сослушан во полиција.

 

 

 

 

Оцени ја веста

06.10.2015 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега