Конференција за женско претприемништво

Конференција на тема „Женско претприемништво – Перспективи” ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Здружението на бизнис жени во Македонија.

Целта е промовирање на женското претприемништво низ различни активности на јавниот и приватниот сектор. Се одржува како дел од проектот  „Женско претприемништво – мотор за создавање на работни места во Југоисточна Европа”.

Најавено е учество на претставници од Здружението на бизнис жени, министерствата за економија и за труд и социјална политика, Сојузот на стопански комори, амбасадите на Хрватска и на Шведска во Скопје, банки, невладини организации, локални самоуправи...

 

 

Оцени ја веста

09.10.2015 - 08:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега