Четири лица повредени на скопските улици

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 15 сообраќајни незгоди од кои 12 поминале само со материјална штета, додека во три од нив со повреди се здобиле двајца сопатници, еден велосипедист и еден возач на мопед.

Со помош на специјалното возило „пајак“ вчера од страна на сообраќајната полиција отстранети се 93 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе одржи едукативни работилници во Основното училиште „Владо Ангеловски“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Аеродром.

 

 

Оцени ја веста

09.10.2015 - 08:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега