Пет возила се судрија пред Битола: Еден загинат - повеќемина повредени

Во тешка сообраќајна несреќа на патниот правец Битола – Прилеп загина едно лице.

Сообраќајната несреќа се случила во 02:50 на патниот правец Битола – Прилеп, кај мостот во близина на реката Шемница. Во сообраќајната несреќа учествувале две возила. Едното Хjундаи пони со битолски регистарски таблички, управувано од Пеце К. (32) кој починал на лице место од ударот, а другото возило марка Ауди со битолски регистрски таблички во кое се наоѓале две лица кои се здобиле со телесни повреди.

Поради лошите временски услови на патот настанал верижен судир во кој се судриле пет возила, а две од лицата кои се наоѓале во автомобилите се повредени.

 

Полицијата изврши увид на местото на несреќата.

 

 

Оцени ја веста

10.10.2015 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега