Крвав инцидент: Млад кумановчанец во бесознание донесен во болница

Крвав инцидент во Куманово, едно лице е повредено во тепачка што се случила вчера на улицата „Иво Лола Рибар“, кога во 18 часот и 45 минути, 24-годишниот М.М. без причина го нападнал својот врсник Д.Б.

Според податоците од полицијата, насилникот го удирал момчето со тупаници во пределот на лицето, по што тој паднал во бесознание и со возило од Брза помош веднаш бил пренесе и задржан на Хируршкото одделение во Медицинскиот центар во Куманово.

М.М. е приведен и по целосно расчистување на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

Оцени ја веста

10.10.2015 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега