Гостиварчанец преку ноќ остана без 700.000 денари

Во Гостивар вчера се случила кражба во станот на 66-годишниот С.К. при што украдени му се 700 илјади денари.

Кражбата се случила во периодот од 14:45 до 23 часот кога крадецот го скршил прозорот од вратата и по пребарувањето одзел 170 евра, 5.000 денари, 30 швајцарски франци, една метална кутија со златен накит, еден златен женски часовник и еден машки часовник.

Увид извршила екипа од полициската станица во Гостивар и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

 

 

Оцени ја веста

10.10.2015 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега