Штипјанец направил хаос: Полицајците морале да пукаат

Утрово во 06 часот и 45 минути на улицата Мито Хаџивасилев Јасмин, од страна на полициски службеници пријавено е дека непознато машко лице ги крши стаклата од влезот на зградата. По пристигнување на место на настанот затекнато е лицето како држи метален предмет во раката. Истиот покрај предупредувањата на полициските службеници замавнувал кон нив со металниот предмет и фрлал со скршени стакла. Од страна на полициските службеници испукан е по еден куршум од пиштол во воздух и лицето е приведено, а се работи за 32-годишниот З.М. од Штип. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.

 

 

Оцени ја веста

11.10.2015 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега