Мерките даваат резултат: Во последните 7-8 години се креирани над 130.000 нови работни места

Домашните компании кои беа прилично пасивни во искористувањето на мерките кои државата ги креира, преку креирање на програми кои се соодветни за нив и соодветна промоција, но и активно учество и работење на терен на сите владини институции осбено на Агенцијата за вработување, бележиме едно значително зголемување на користењето на средства и други мерки кои се дел од активните програми, истакна вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, во Вестите на Сител.

-Ако се погледне влијанието на сите мерки кај компаниите околу 64.000 работни места кај домашните компании се креирани како резултат на овие активни мерки. Јас би го оценил ова како успешно, но важно е дека овој тренд се засилува. Се разбира, тоа не е резултат само на активните мерки што ги прави Агенцијата за вработување, туку на креирањето на една севкупна економска клима, кој и ги привлекува странските компании и го подобрува функционирањето на буџетот во делот на капиталните инвестиции и придонесува кај домашните компании. Ако се погледне целокупниот ефект во изминатите 7 до 8 години, над 130.000 нови работни места се креирани и бележиме пад на невработеноста за повеќе од 11 процентни поени, потенцира вицепремиерот.

Пешевски додаде дека не постои држава во Европа која имала поголем пад на невработеноста во овој временски период, а рангирањата кои ги прават меѓународните институции велат дека Македонија е лидер дури и во светски рамки.

 

 

Оцени ја веста

11.10.2015 - 20:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега