Штип: Го нападнале со метални шипки и ножеви за 2.000 денари

 

Крвава драма вчера се одвивала во Штип кога тројца насилници неколку минути пред 2 часот по полноќ, со метални шипки и ножеви се појавиле пред 52-годишниот А.Д. пред влезот на неговата куќа и му побарале пари. Во еден момент едно од лицата замавнало со металната шипка и успеало да му одземе кутија со 2.000 денари на штипјанецот.

Потоа, насилниците избегале во непознат правец. Полицијата трага по нив.

 

 

 

Оцени ја веста

12.10.2015 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега