Украдени 1.600.000 денари од стан во Скопје

 

Во Скопје во петокот е извршена тешка кражба во стан на улицата „Аминта Трети“ при што е причинета материјална штета од околу 1.600.000 денари.

Крадецот влегол во станот на 28-годишниот М.С. преку кровот на адвокатска канцеларија по што го искршил стаклото од балконската врата и по пребарувањето одзел разновиден златен накит (огрлици, нараквици, прстени, обетки, бисери, привезоци, парички, петолирка, двеипол лири, алтани, рачни женски часовници) и 60.500 денари. 

 

 

Оцени ја веста

12.10.2015 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега