Мизо: Во ноември нова американска компанија од автомобилската индустрија ќе ја посети Македонија

Две големи американски компании пројавија интерес дека сакаат да инвестираат во Македонија, со нив подолг временски период е остваруван контакт, при што тие ги разгледувале можностите за инвестирање. На оваа тема во вестите на Алфа зборуваше директорот на технолошко индустриските зони Виктор Мизо.

Овие компании во текот на месец ноември треба и официјално да ја објават одлуката за инвестирање во Македонија.

Се работи за компании кои се активни на берзата и затоа ваков вид на информации се многу сензитивни и не смее да бидат објавени пред моментот кога тие го комуницираат со свои претставници на управните одбори.

-Пред околу 2 недели бевме во Колумбус, Њу Џерси и во Кентаки и можам веќе да кажам дека една од компаниите со кои се сретнавме таму, а се работи за компанија од автомобилската индустрија од Охајо, која ја потврди својата посета на Македонија во текот на првата недела во месец ноември. Она што беше важно е тоа што тие за прв пат слушнаа за Македонија на презентацијата и потоа имавме комуникација во следните 10-на дена каде што интензивни информации им беа дадени врз основа на тоа што беше претставено и тие потврдија дека веќе Македонија е вклучена во оние неколку земји кои активно ги разгледуваат за лоцирање на некоја од своите инвестиции. И она што директно беше посочено е не дека само сакаат да се сретнат со постоечки инвеститори туку и со дел од домашни компании кои можат да бидат нивни потенцијални добавувачи. Целиот овој ден не зависи само од други инвеститори т уку и од можноста и на домашната индустрија, подвлече Мизо.

Во моментов во ТИРЗ има околу 20-на компании,  сите градежни активности се одвиваат според планираната динамика и тоа значи дека ќе имаме креирање на нови работни места не само идната година туку и пред крајот на оваа година бидејќи голем број од овие компании вработуваат луѓе кои прво треба да се обучат.

-Она што е можеби најважно е сите овие луѓе се обучуваат според највисоки светски стандарди и не само во рамките на фабриките туку одат и во нивните погони низ Европа, подвлече Мизо.

Идната недела, најави Мизо, ќе посети настан во Кореја каде што директно се претставува корејската автомобилска индустрија, а веќе се договорени неколку состаноци.

- Пред неколку недели имавме посета на една голема јапонска компанија која е заинтересирана за она што е Македонија, подвлече Мизо.

Целото гостување погледнете го на следниот линк:

 

 

 

Оцени ја веста

12.10.2015 - 22:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега