Откриено зошто се самоубил полицаецот Ненад

Полицаецот Ненад Ситариќ во неделата вечер се самоуби со куршум во главата, а на ваков потег се одлучил бидејќи не му било дозволено да си ги види децата. 36-годишниот полицаец од Србија, како што покажуваат првичните сознанија од истрагата, се самоубил со својот службен пиштол поради семејни проблеми. 

- Се слушнавме пред трагедијата. Беше малку напнат и се жалеше дека мајката на сопругата не му дозволува да си ги види децата. Рече дека му е многу тешко што откако се развел не може да биде со децата, вели негов пријател за српскиот Курир.

Тој подолго време имал проблеми и кавги со неговата баба. Неколку пати се карале, а поради тоа што не можел да го издржи притисокот си заминал од дома и ги оставил сопругата и двата сина на возраст од 5 и 7 години. Неговиот татко вели дека жената го навредувала и тој не можел да го издржи притисокот. Ја замолил сопругата да изнајмат стан и да се одделат, но не се согласила.

ненад бил многу вреден. Неговите соседи и пријатели велат дека работел и физичка работа за да донесе повеќе пари и да им овозможи убав живот на децата и саканата. 

 

 

 

Оцени ја веста

13.10.2015 - 08:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега