40 сообраќајки за продолжениот викенд: Скопјанец итно пренесен на Ургентен
За време на продолжениот викенд во Скопје се случиле 40 сообраќајни незгоди, во кои има голем број повредени лица.
Во петокот сообраќајната полиција извршила увид на вкупно девет сообраќајни незгоди. Од нив, пет поминале само со материјална штета, додека во четири со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, двајца пешаци и еден возач на трицикл.
Во саботата пак, на подрачјето на Скопје, се случиле 14 сообраќајни незгоди. Од нив, 12 се последица материјална штета и две се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило и еден сопатник. Во неделата, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно девет сообраќајни незгоди. Од нив, шест се со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило и двајца сопатници.
Во неделата се случила сообраќајка во 20 часот и 30 минути на булеварот „Мајка Тереза“. Се судриле патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и пешак, граѓанин на Гостивар. Пешакот со возило на Брза помош е пренесен во Ургентниот центар заради укажување на помош каде се констатирани тешки телесни повреди.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа