Обдукцијата покажа, таткото негира: Еве како било убиено едномесечното бебенце

Едита Барјани, 23-годишната мајка од Врбас, го згрози Балканот откако викендов го усмрти своето мало бебенце. Жената обвинета за чедоморство ја убила својата едномесечна ќеркичка така што ја тресела со цела сила, поради што таа добила излив на мозокот и сериозно крварење.

Обдукцијата покажала дека мајката-монструм не го фатила бебето за нозете  или за рацете како што сама тврдела, туку буквално за главата и неколку пати ја тресела силно. Со оглед на тоа дека се работи за кревко бебенце старо само еден месец, додека мајката го тресела, мозочето удирало во ивиците на черепот и предизвикало огромен притисок и крварење. 

Сопругот на Едита тврди дека таа не го убила нивното бебе и бара нов извештај и истрага.

На мајката засега и е одреден притвор од 30 дена.

 

 

Оцени ја веста

13.10.2015 - 09:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега