Едниот излетал, другиот се забил во столб: 18 повредени во Кичево, тројца на Ургентен

Страшна сообраќајна несреќа се случила утринава околу 7 часот на регионалниот пат Кичево-Осломеј кај селото Мамудовци, кога се судриле две патнички комбиња и едно товарно возило, при што се повредени 18 лица. Од нив шестмина се пренесени во болница со тешки повреди. Тројца од нив се донесени на Ургентен во Скопје. Во несреќата 9 лица минале со полесни повреди.

Несреќата се случила во момент кога едно од комбињата започнало да врши претекнување на другото комбе при што дошло до директен судир со товарното возило кое доаѓало од спротивен правец, а потоа и со комбето. Комбето кое било претекнувано излетало од патот, а другото удрило во бетонски столб.  Повредените биле работници кои се превезувале до РЕК Осломеј.

Увид ќе се врши.

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

13.10.2015 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега