Возачот кој ја прегази Марија сеуште во бегство: "Моето дете остана без мајка, ќе го гонам до смрт"

Се крие како кукавица а ми ја прегази сопругата, заради него згасна млад живот и ми го остави детето без мајка. Вака сопругот на Марија Милешиќ, девојката која пред четири месеци беше прегазена и оставена на улица од несовесен возач, раскажува низ каква голгота поминува месециве.

- Кога ќе слушнам на телевизија дека некој прегазил пешак и побегнал се сеќавам на неа, тешко ми е. Тоа се кукавици кои бегаат по убиство, секогаш истата приказна, вели тажниот, но истовреме и револтиран сопруг на Марија, Милан, за српскиот Курир.

Возачот Горан Шарац, 29-годишното момче кое ја прегази младата мајка и побегна, со месеци не се предаде на полицијата и покрај делото кое го направи. Горан бил виден во Берлин, а Милан вели дека ќе го бара до смрт. За него е распишана потерница.

 

 

 

 

Оцени ја веста

13.10.2015 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега