Расте бројот на повредени во страшната сообраќајка кај Кичево

Уште две лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случи утринава на регионалниот пат Кичево-Осломеј, со што бројот на повредени се искачи на 20. 10 лица се потешко повредени, а девет поминале со полесни повреди во страшната сообраќајка кога мини бусот „Мерцедес“ кој превезувал 18 патници-работници во РЕК „Осломеј“ започнал да врши претекнување на комбе марка „Фолксфаген“ а од спротивната коловозна лента наишло товарното возило марка „Форд“. Притоа се случил удар на страничните леви страни од мини бусот „Мерцедес“ и товарното возило „Форд“ по што мини бусот удрил и во предното лево крило од комбето Фолксфаген“.  Овие две возила излетале надвор од коловозните ленти  при што мини бусот „Мерцедес“ удрил и во бетонски sид. Товарното возило марка „Форд“ останало на десната коловозна лента во правецот на движење.

На местото на несреќата се врши увид. За време на увидот, сообраќајот на регионалниот пат не беше во застој односно се вршеше наизменично пропуштање на моторните возила.

 

 

Оцени ја веста

13.10.2015 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега