Запалени десет возила во Куманово - ова се деталите

Единаесет возила се опожарени доцна синоќа во периодот од 23 часот и 30 минути до  еден часот по полноќ, на четири локации во Куманово. Приведено е едно осомничено лице, а полицијата работи на утврдување на мотивите и целосно расчистување на случајот.

По четири патнички возила опожарени се на улиците „Пионерска“ и „Димитрије Туцовиќ“, две во кругот на болницата, едно на улицата „Гоце Делчев“ на пракингот пред поранешен хотел „Кристал“. Дел од возилата се целосно оштетни, дел делумно, со поголема и помала материјална штета, информираше на денешната прес конференција Валентина Николовска од СВР Куманово.

Засега не може да се потврди дали осомничениот бил под дејство на алкохол, ниту да се дадат какви било детали за приведениот, бидејќи. Тој и е познат на полицијата од претходно, како сторител на кривични дела.

- Заради интерес на истрагата не можам да потврдам дали лицето било под дејство на алкохол. Колегите работат на терен и се прегледува видео надзорот на оние локации каде што има за да се утврди дали осомниченото лице било само или со него имало и уште некое лице, изјави Николовска. Таа рече дека две  од единаесетте  возила биле сопственост на полициски службеници, но додаде дека биле опожарени возила кои случајно биле паркирани на локациите.

Опожарени се различни марки автомобили. Десет сопственици на автомобилите се од Куманово, а еден е кратовец и сите се  на различна возраст. 

Градоначалникот на Куманово апелираше граѓаните да останат мирни и да нема вакви случувања.

 

 

 

Оцени ја веста

13.10.2015 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега