„Закажете го за в година, ние носиме рак-рана на душата“ - се одложи судењето за сообраќајката пред Католичка

 

Револт кај родителите на загинатиот Иван Белински (15) кој минатата година беше прегазен кај Католичка црква во Скопје откако денеска повторно беше одложено судењето во кое е обвинет возачот на Таурегот Џенис Мекиќ (20).
Судењето беше одложено бидејќи судечкиот судија имал смртен случај, а и дел од сведоците не се појавиле во судница.
„Закажете го за в година, ние носиме рак-рана на душата“. – се обрати таткото на момчето до Судот.

Минатото рочиште на 30-ти септември беше одложено бидејќи не беше готово техничкото вештачење кое дополнително го бараше одбраната. Вештачењето сега било готово, а детали за стратегијата на одбраната адвокатите најавија на почетокот од судењето.

Дваесетгодишниот Џенис Мекиќ, кој е обвинет дека со џип „туарег“ со голема брзина го прегази шеснаесетгодишниот Иван Белински не е во притвор, ќе одговара за кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

 

Сообраќајката се случи на 15-ти ноември минатата година, а обвинение за случајот беше покренато на 5-ти мај.

 

 

Оцени ја веста

14.10.2015 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега