ЕКСКЛУЗИВНО: Голема акција на МВР - Серија апсења во Министерството за животна средина

 Голема акција на МВР во Министерството за животна средина. Како што дознава Press24 од полициски извори две лица се уапсени на работните места додека еден не бил достапен. Информациите велат дека се наоѓа во странство.
Приведените лица се сомничат за злоупотреба на службената положба бидејќи како инспектори издавале потврди за вршење на дејност и за увоз на стоки на компании кои не ги исполнувале услоите. Покрај ова, кога правеле контроли во записниците внесувале податоци со невистинита содржина.
Од МВР ја потрдуваат информацијата но повеќе детали најавуваат за утре

 

 

Оцени ја веста

14.10.2015 - 17:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега