Полицијата заплени дрога и оружје,меѓу уапсените и жени

Албанската полиција доцна попладнево ја финализираше акцијата насловена „Пенков“, во која се уаспени осум лица, откако биле фатени со оружје и дрога.

- Во акцијата, при конгтрола на три куќи, запленети се 207 килограми марихуана, две автоматски пушки, како и куршуми за нив. Уапсени се и осум лица, од нив едно жител на Валона, а остантите на селата  Пенков и Пицар, кај Валона. Уапсените се на возраст од 21 до 54 години, -стои во соопштението на полицијата.

Според полицијата, меѓу осумте уапсени четири се жени кои биле задолжени за чистење и сушење на марихуната, додека по три други лица се трага.

Полицијата запленила и автомобил марка „Мерцедес“, што служел за транспорт на дрогата, вага за мерење на помали количини дрога,како и мобилни телефони

 

 

Оцени ја веста

14.10.2015 - 22:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега