Постигнат договор за нова владина коалиција

Членот на Преседателството на Босна и Херцеговина и лидер на бошњачката Партија за демократска (СДА), Бакир Изетбеговиќ и првиот човек на Сојузот за подобра иднина (СББ), Фахрудин Радончиќ денеска во Саарево постигнаа договор за коалициска соработка до истекот на мандатот на сегашните органи на власта, јави ФЕНА. На прес-конференција по средбата со Радончиќ, Изетбеговиќ изјави дека коалициската соработка прво ќе се реализира во Владата на Федерацијата БиХ, а потоа и во органите на власта на Кантонот Сараево.  

- Ќе стартуваме од таму каде што постојат проблеми - нецелосната Влада на Федерацијата БиХ, па потоа таа ќе се прошири на Владата на Кантонот Сараево, а можеби и на државно ниво, рече Изетбеговиќ. 

Радончиќ од своја страна изјави дека коалициската соработка меѓу СДА и СББ ќе се однесува на сите нивоа на власта во земјата.

Тој нагласи дека СББ има „поголем коалициски капацитет“ од сегашниот партнер на СДА, Демократскиот Фронт (ДФ) и дека очекува неговата партија да ги добие четирите министерски места во Владата на Федерацијата БиХ, што сега ги држат кадри на ДФ.

Актуелната владина коалиција во Федерацијата БиХ ја сочинуваат СДА, ДФ и Хрватската демократска заедница (ХДЗ). Владината коалиција на ниво на БИХ пак ја сочинуваат СДА, ХДЗ, ДФ и Сојузот за промени (СЗП), коалициски блок на три партии на боснаските Срби - Српската демократска партија (СДС), Партијата на демократски програс (ПДП) и Демократскиот народен сојуз (ДНС).

Изетбеговиќ најави и дека до крајит на оваа или почетокот на идната недела СДА ќе одржи состанок со ХДЗ и СЗП околу можно рекомпонирање на владината коалиција и на државно ниво. 

 

 

 

Оцени ја веста

14.10.2015 - 23:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега