ВИДЕО: Нов инцидент - во косовскиот Парламент повторно е фрлен солзавец

Пратеник од опозицијата во косовскиот парламент денеска пушти солзавец во парламентарната сала, што е втор таков инцидент неделава, во знак на протест против договорот со Србија, постигнат во посредство на Европската унија, пренесе МИА.

Пратеничката Доника Када Бујупи од опозициската Алијанса за иднина на Косово активира граната солзавец, додека претседателот на парламентот се обиде да ја отвори седницата. Сите пратеници беа евакуирани.

Минатата недела граната со солзавец беше активирана од пратеникот на движењето „Самоопределување“ Албин Курти, кој подоцна беше уапсен, но по масовен протест на опозицијата повторно ослободен.

 

 

Оцени ја веста

15.10.2015 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега