Скопјанец се врати бесен од Грција - што се случило?

Уште еден скопјанец нема никогаш да го заборави одењето во Грција. На граничниот премин “Богородица“  од страна на скопјанецот С.И. е пријавено ново оштетување на возило во соседна Грција, а се работи за товарно моторно возило марка „ERF EC 11“ со полуприколка, кое било оштетено во Солун.

Додека С.И. службено бил во солунското пристаниште со товарното моторно возило, во текот на извршувањето на царинските формалности од страна на цариник при грчката царина со син спреј испрскана била задната регистарска табличка на полуприколката при што целосно била покриена ознаката “МК“. Настанот не е пријавен во грчката полиција.

Инаку во текот на годинава на Граничниот Премин “Богородица“ досега се евидентирани 14 случаи на оштетување на возила или регистарски таблички сопственост на наши државјани кои биле во Грција.

 

 

Оцени ја веста

16.10.2015 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега